Утре дожд

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа и со грмежи. Попладне и во вечерните часови, под влијание на нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со град и засилување на ветерот, особено во источните подрачја.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 23 до 33 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 18 и дневна до 31 степен.
Во Охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во Дојранско утринската температура ќе се изнесува 22, а дневната 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.

Нестабилното време во попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска