Утре ден на жалост за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија

Од:

Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија.

-Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година, информира владината прес-служба.

За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на владината седница е оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

-Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, стои во соопштението.

Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турската влада (АФАД) денеска соопшти дека бројот на загинати во Турција се искачи на 29 605. Според оваа служба, повеќе од 92 600 луѓе се повредени.

Би можело да ве интересира

Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост поради смртта на шестчлено семејство во пожар

Горан Наумовски

Русија го прогласи 24 март за ден на жалост

А1он

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Владата на Србија го прогласи 27 септември за Ден на жалост

Горан Наумовски

Тридневна жалост во српските заедници во Косово

Ден на жалост ама се избира Влада – молк дали е етички…

A1on