Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Од:

Во Украина денесн е Ден на жалост поради ракетниот напад врз Кривји Рих, изјави вицепремиерот на украинската влада за обнова – министерот за заедници и територијален развој на Украина Алексеј Кулеба.

„Градовите и селата во Украина го прогласуваат 6 април за Ден на жалост за жртвите од нападот во Кривји Рих. Сите регионални центри на Украина, големите и малите заедници стојат рамо до рамо со Кривји Рих. Во знак на солидарност со жртвите и нивните семејства, заедниците прогласуваат Ден на жалост“, напиша Кулеба на Телеграм.

Кулеба истакна дека во сите градови, особено од Киев до Одеса, од Краматорск до Ужгород, знамињата ќе бидат спуштени и „ќе се слушне тишината“, пренесува украинската агенција Интерфакс.

Би можело да ве интересира

Московскиот регион нападнат од рој дронови

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Британски аналитичар: Руските сили се на работ на пробив во Донбас, Украина нема време

Полски министер го обвини Навроцки дека лаже: Знаеше за испораките на ракети „Патриот“ во Украина

Техеран со остар одговор за нападот од Украина: „Овој авантуризам ќе има последици“

Предраг Петровиќ

Русите нападнаа изложба на оружје во близина на Киев, има мртви и ранети