Ден на жалост ама се избира Влада – молк дали е етички…

Од:

Владата на својата 130-та седница донесе одлука со која денешниот ден го прогласи на Ден на жалост како израз на солидарност и почит за големиот број жртви од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија, но заборави дека денес во Собранието ќе се одржи седница на која ќе се изберат нови членови на Владата.

„За време на денешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“, соопштија од Владата.

Македонското знаме на половина копје е истакнато и пред Собранието кое за денеска закажа неколку седници, меѓу кои и 104-та седница на чиј дневен ред е изборот на нови членови во Владата.

„А1он“ го праша портпаролот на Владата зошто е прогласен Ден на жалост на ден кога се избира нов состав на извршната власт и дали е етички од нејзина страна, но не доби одговор.

Ниту Собранието не одговори на прашањата на „А1он“ дали е етички да се бираат министри на Ден на жалост и дали седницата може да се презакаже.

Македонските пратеници пред почетокот на 103-та собраниска седница на која на дневен ред се неколку предлог-одлуки и предлог-закони, им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.

За разлика од Собранието и од Владата, културните работници покажаа поголемо чуство на солидарност и почит кон жртвите и одложија неколку културни настани поради Денот на жалост.
Народниот театар во Битола го одложи концертот „Пијан Славеј“ за утревечер, а културниот ценар „Јадро“ одложи отворање на изложба за утревечер.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on