Уставните судии го продолжија распустот, судбината на СЈО неизвесна

Од:

Уставниот суд ја продолжува неизвесноста околу судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Иако одморот им заврши на 1.септември, за 07.09. (среда), немаат закажано седница на која судиите ќе се произнесат за Иницијативата за испитување на уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на последната лидерска средба се договорија доколку Уставниот суд го укине СЈО, тие во рок од пет дена повторно да го вратат обвинителството во законот со измена на Уставот.Надлежноста и целите на специјалното јавно обвинителство остануваат исти.

Дали Уставниот суд го чека 12.октомври за да се распушти Парламентот и да нема кој да носи закон?

Четирите партии го повикаа Уставниот суд да одлучи за законот за специјалното јавно обвинителство во најкус можен рок, на првата наредна седница, но очигледно неколкуте судии кои се под партиско влијание повторно ќе одолговлекуваат.

ustaven

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните