Уставниот суд ја закажа првата седница со новиот претседател Никола Ивановски која ќе се одржи во среда, без иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство.
Ивановски на дневен ред ја нема ниту иницијативата на Унитети за уставноста на предвремените парламентарни избори.
Никола Ивановски стана претседател на Уставниот суд по завршување на тригодишниот мандат на Елена Гошева, која останува уставен судија и во наредните 5 години.
И покрај големите притисоци од јавноста и од политичарите да се изнесе за законитоста на СЈО, се чини дека и Ивановски како Гошева ќе ја чува иницијативата во фиока.