Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Од:

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по иницијативите на Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје, во врска со прислушкуваните материјали.

Како што инфомираат оттаму, Судот оценил дека членот 110 од Законот за Јавното обвинителство не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите.

– Од направената анализа и изнесената фактичка состојба произлезе дека законодавецот јасно, прецизно и недвосмислено ги пропишал начинот на користење и уништување на материјалите и транскриптите од незаконски прислушуваните материјали со прецизирање на рокови за уништување на истите, категорично задолжувајќи го Јавното обвинителство што да прави во конкретни започнати и незавршени обвиненија и предмети поврзани со неовластено прислушуваните материјали, стои во соопштението од Уставен.

Дополнуваат дека се осврнале и на едни од носечките наводи содржани во иницијативите според кои материјалите од незаконски следените комуникации не се докази прибавени во согласност со закон и истите не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука и дека оспорените одредби се ретроактивни.

– Притоа, во расправата по однос на првиот навод, како аргумент беше изнесена и праксата на Европскиот суд за човекови права, но и домашната судска пракса по ова прашање, како и релевантната законска регулатива, а посебно член 12 став 2 од Законот за кривичната постапка. Сепак она што го прави овој навод неоснован, а тоа е што постои разлика помеѓу поимите „прибавување“ и „создавање“ докази. По однос на вториот навод, се зазеде став дека оспорените одредби немаат ретроактивно дејство на штета на граѓаните против кои претходно биле поднесени обвиненија, дополнуваат оттаму.

Подносители на иницијативите се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.

Во продолжение одлуката во интегрална форма:

Поради интерес на јавноста Уставниот суд информира дека одлучи да не поведе постапка за членот 110 од Законот за Јавното обвинителство оспорен во предметите У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022, што значи тој член останува во правниот промет.

Имено, Уставниот суд оцени дека во функција на заштита на уставно загарантираните основни слободи и права на човекот и граѓанинот, законодавецот со оваа одредба го имал предвид општиот интерес и јавното значење, општествена оправданост, соодветност односно неопходност, пропорционалност, односно сразмерност и истата не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите.

Од направената анализа и изнесената фактичка состојба произлезе дека законодавецот јасно, прецизно и недвосмислено ги пропишал начинот на користење и уништување на материјалите и транскриптите од незаконски прислушуваните материјали со прецизирање на рокови за уништување на истите, категорично задолжувајќи го Јавното обвинителство што да прави во конкретни започнати и незавршени обвиненија и предмети поврзани со неовластено прислушуваните материјали.

Судот, се осврна и на едни од носечките наводи содржани иницијативите според кои материјалите од незаконски следените комуникации не се докази прибавени во согласност со закон и истите не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука и дека оспорените одредби се ретроактивни. Притоа, во расправата по однос на првиот навод, како аргумент беше изнесена и праксата на Европскиот суд за човекови права, но и домашната судска пракса по ова прашање, како и релевантната законска регулатива, а посебно член 12 став 2 од Законот за кривичната постапка. Сепак она што го прави овој навод неоснован, а тоа е што постои разлика помеѓу поимите „прибавување“ и „создавање“ докази. По однос на вториот навод, се зазеде став дека оспорените одредби немаат ретроактивно дејство на штета на граѓаните против кои претходно биле поднесени обвиненија.

Подносители на иницијативите: Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.

Содржина на оспорената одредба:

(1) Јавно обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали.

(2) Исклучок од ставот (1) на овој член се предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година согласно со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

(3) Материјалите и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог.

(4) Материјалите од ставот (3) на овој член ќе се уништат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите од ставот (3) на овој член согласно со одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до Jавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Напомена: Поради интересот на јавноста Уставниот суд објавува дел од аргументите, целото решение ќе биде објавено наредните денови кога во Судот ќе бидат завршени административните процедури.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Горан Наумовски

Законот за данок за солидарност на дневен ред на Уставниот суд

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Лога: Уставениот суд во два случаи ја наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“

Етничката припадност е уставна категорија, ќе има нов закон наместо „балансерот“ реагира Таравари