Уставниот суд се подготвува за удар врз Специјалното јавно обвинителство

Од:

Уставниот суд се подготвува да покрене постапка за уставност на Специјалното Јавно обвинителство по иницијативата на Тодор Петров, најдоцна до следната недела, дознава А1он. Иницијативата, е веќе по налог на еден од уставните судии кои гласаа за законот за помилување, подготвена да биде ставена на дневен ред по што ќе следи сигурно поведување постапка зашто е веќе договорен цел процес. Според извори на А1он, брзопотезно ќе мора се да помине и да биде изгласана неустaвноста на Специјалното јавнообвинителство, со што треба да биде закочена неговата работа. Политичкиот налог кој им е даден на судиите е да се донесе што побрзо одлуката, поради тоа што треба да се спречи да биде воопшто покрената предистражна постапка од СЈО против еден досегашен висок функционер, односно за него да нема никаква дамка.

Освен петмина судии кои се договорени да гласаат за укинување на СЈО, се вршел притисок и врз уште еден уставен судија за резултатот да биде 6:3 и со тоа да изгледа поубедливо дека не се работи за политичка и нарачана туку за правна одлука, но засега остануваат само пет судии кои ќе гласаат за иницијативата.

Тодор Петров поднесе иницијатива на 21 октомври минатата година за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, зашто сметаше дека со него е нарушен уставниот поредок на земјата и се создаваат паралелни институции.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во неколку наврати кажа доколку Уставниот суд, по налог на власта го укине Специјалното јавно обвинителство, тогаш ќе продолжи со објавување на снимените материјали.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов