Уставниот суд, наспроти сите реакции во јавноста, отворените писма, препораките од претставниците на меѓународните организации и протестите на граѓаните, продолжи со спроведувањето на измените во Законот за помилување.
На денешната седница, уставните судии го усвоиле текстот на измените на Законот за помилување со кои, на претседателот на државата му се дава правото да помилува лица осудени за кривични дела поврзани со изборни нерегуларности. но и други тешки кривични дела како педофилија, злосторства против човештвото и други.
Се работи за прва фаза од постапката на измени. Денеска, утврдениот текст на предлогот за изменување на Законот ќе биде испратен во Собрание на РМ, од каде се бара мислење, откако Уставен ќе добие мислење од Собранието, постапката влегува во втората фаза.
Во втората фаза која би можела да трае меѓу 30 и 40 дена, Уставниот суд може да донесе одлука за укинување на одредбата од Законот, која беше воведена во 2009 година со која на Претседателот на државата му беше одземена можноста да помилува лица осудени за изборен криминал, педофилија, трговија со дрога, и тероризам, односно злосторства против човештвото.
Иницијативата за изменa во Законот за помилување до Уставниот суд, на почетокот на февруари ја поднел адвокатot од Охрид, Ристо Китевски, кој е соработник во канцеларијата на Љупчо Наумовски, еден од адвoкатите на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинети за изборни измами во случајот „Титаник“ што го покрена СЈО.