Власта има сковано план за СЈО и инсистира да биде укинато по секоја цена. А1он дознава дека од партијата на власт притискале преку партиските судии во Уставен да не се става на дневен ред уставноста на СЈО пред да се распушти парламентот.
Покрај другите работи, токму и ваквото сценарио за СЈО било причина за раздор во партијата на власт каде дел од осомничените најмногу иснсистирале тоа да биде укинато, а другите кои се противат посочувале дека ќе настанат немири и дека со тој потег ќе се покаже дека има вистина во сниманите ленти.
Најголемите заговорници за сценариото се истите кои викаа дека се “чисти“ и дека ќе се јавуваат на секој процес покренат од Специјалното обвинителство затоа што не направиле никаков криминал.
Во вториот договор од Пржино кој го потпишаа четирите лидери на партии во делот за СЈО се наведува доколку биде укинато, во рок од пет дена повторно да се донесе законот усогласен со Уставот, но извесно е дека парламентот нема да може да се состане повторно откако ќе биде распуштен на 12 октомври, што е повторно уште еден пропуст во текот на договорањето и составувањето на вториот договор од Пржино.
“а. Во случај Уставниот суд да одлучи дека дел од законот или целиот закон за Специјалното јавно обвинителство е неуставен, четирите политички партии ќе се заложат за усогласување на законот со одлуката на судот и повторно воспоставување на Специјалното јавно обвинителство во рок од 5 дена. Ефикасноста, делокругот и целите на Специјалното јавно обвинителство треба да бидат задржани.
б. Четирите партии го повикуваат Уставниот суд да одлучи за Законот за Специјалното обвинителство најбргу што може, ако е можно и на следната седница, пишува во Договорот.
Ова сценарио не е непознато и за опозицијата и според извори на А1он доколку се случи, ќе следуваат најмасовни протести за што веќе се одвиваат подготовки. Со ваквото сценарио, односно укинување на СЈО, нема да има услови за одржување на избори во декември, што најверојатно во моментов најмногу и одговара на партијата на власт. Се очекува од таму да се амнестираат од одлуките на Уставниот судот, но повеќе од јасно е нивното влијание врз петте судии кои имаат мнозинство за носење одлуки.
Партијата на власт на секој начин преку судските испостави избегнува соочување со вистината, иако цело време упорно тврдат дека лентите се сечени, лепени и монтирани.