Уставен: Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа

Од:

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, што значи дека функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа.

– Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на апанажа, вели портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Овој член, според Судот нема уставна оправданост.

-Судот го зема во предвид фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција, вели Беловска.

Според Судот, оставката и добивањето на паричен надоместок во вакви случаи се меѓусебно неспоиви и затоа е одлучено да се укине оваа одредба, како спротивно на владеењето на правото кое е една од темелните вредности на нашиот Устав.

Иницијативата е поднесена на почетокот на 2022 година, од страна на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга. Оспорени беа 7 члена од Законот, од 19-25, но Судот го оцени само членот 22 како спротивен на Уставот.

Оваа одлукана Уставниот суд е конечна и влегува во сила откако ќе се објави во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Управен суд: Одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита и правно аргументирана

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Уставен суд: Укинат е членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски

Засега нема правно правило по кои услови независните кандидати на изборите, вели Костадиновски

Сиљановска-Давкова: Не може да остане во Уставниот суд личност која што е избрана на неуставен и незаконски начин

Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на нов уставен судија

Горан Наумовски