Успешно заврши балканскиот натпревар по LabVIEW

Од:

Факултетот за електротехника и информациски технологии, изминативе два дена, беше домаќин на седмиот балкански натпревар по LabVIEW на кој учествуваа 23 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.

Натпреварот по LabVIEW се состои од социјален натпревар, поединечен натпревар и екипен натпревар. На социјалниот натпревар победи тимот „Vitamin B“ составен од студентите Константин Кузмановски од Македонија, Кристина Аврамовиќ од Србија, Матеј Ногиќ од Хрватска и Гашпер Божиќ од Словенија.

Во екипните натпревари, во кои учествуваат седум екипи, првото место го освои тимот од Електротехничкиот факултет од Белград, а на второ место се пласираше тимот од Техничкото свеучилиште од Загреб. Третото место припадна на домаќинот, ФЕИТ, чија екипа ја сочинуваа студентите Константин Кузмановски, Илија Ивановски, Ведран Симовски, Илир Селмани, Николчо Петковски и Мино Тодоров. Натпреварот се состои од програмирање хардвер и софтвер кој треба да одговори на детални барања од проектната задача и трае вкупно 4 часа.

На поединечниот натпревар најуспешни беа студентите: Михајло Бјекиќ од Белград (прво место), Крис Лучетиќ од Загреб (второ место) и Марио Лучан од Загреб (трето место). Студентите од ФЕИТ Мино Тодоров, Ведран Симовски и Николчо Петковски ги освоија петтото, шестото и седмото место од 23 натпреварувачи во поединечна конкуренција.

Покрај натпреварувањето, се организираат и две научни сесии на кои се презентираат индустриските решенија и студентските проекти во полето на виртуелната инструментација. Во социјалниот натпревар се формираат мешовити тимови од по пет студенти од различни балкански земји. Тимовите со помош на LabVIEW програмираат LEGO роботи кои треба да одговорат на поставените проектни задачи. Покрај усовршувањето на програмските вештини во LabVIEW и натпреварувачкиот карактер, социјалниот натпревар има за цел да ги обедини и здружи натпреварувачите од различните земји учесници.

Учесниците на овогодинешниот натпревар беа избрани како најуспешни кандидати од LabVIEW академиите на соодветните универзитети. Ментори – професори на LabVIEW академиите беа доц. д-р Живко Коколански и дипл. ел. инж Бодан Велковски.

На затворањето на натпреварот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии претставникот од National Instruments, Дамјан Дрозг ги додели наградите на победниците и врачи благодарница на ФЕИТ за организацијата и успехот на натпреварот.

Би можело да ве интересира

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе се тестираат 5Г мобилни технологии и системи

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Ана Ололовска

Заврши десеттиот „Робомак 2019“

Ана Ололовска