Успешно отстранети опасните хемикалии од кругот на ОХИС

Од:

Вчера во кругот на ОХИС, се изврши утовар на опасен хемиски отпад, односно, 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони што ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, со што продолжи чистењето на една од жешките еколошки точки во државата.

Како што соопшти Државниот инспекторат за животна средина, за оваа активност беа известени сите компании што вршат дејност, така што, во текот на утоварот беше воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на ОХИС.

По утоварот се изврши царинската постапка за извоз и отпадот се упати кон постројката за уништување во Франција.

Државниот инспекторат за животна средина констатираше дека постапката на отстранување на отпадните хемикалии во кругот на ОХИС АД во стечај беше успешно завршена, стои во соопштението на ДИЖС.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска