УСЈЕ тврди дека не загадува, Државниот инспекторат врши контрола

Од:

Цементарница УСЈЕ која често на социјалните мрежи е посочувана како компанија што придонесува во загадувањето на воздухот, во целост работи според сите законски прописи и ги почитува сите регулативи што се пропишани од македонското и европското законодавство, тврди Борис Хрисафов, извршен директор на компанијата.

На отворениот ден во компанијата каде беше презентиран процесот на работа на Цементарницата УСЈЕ, Хрисафов посочи дека мисиите што УСЈЕ ги емитира во воздухот се контролираат преку 24 часовен мониторинг систем, независен систем што не е контролиран од страна на компанијата, туку од други акредитирани компании што вршат мерења од време на време.

-Донесовме одлука, во овој период кога загриженоста на граѓаните е поголема резултатите од мерењата да ги објавуваме на неделно ниво на нашата веб страна, вели Хрисафов.

Тој истакна дека не е можно процесот да тече ако филтрите не се во функција и појасни дека станува збор за најсовремени вреќести филтришто придонесуваат за добри, ниски емисии во воздухот.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули соопшти дека Државниот инспекторат пред осум дена извршил контрола врз компанијата.

-Државниот инспекторат, согласно закон, се грижи за оние инсталации, за коишто велиме дека се со А лиценца, додека Градот Скопје и општинските се грижат за оние што имаат Б лиценци“, рече Макрадули, вчера одговорајќи на прашања на поврзани со аерозагадувањето на социјалната мрежа Фејсубк.и додаде дека контрола на капацитетите се врши редовно, а по потреба на повик и вонредна.

Градот Скопје, информира, во вонредна контрола на кампаниите што имаат Б лиценца во септември и октомври изречени се двојно повеќе казни отколку во тој период лани.

Посочи дека во однос на големите компании, за кои граѓаните сметаат дека во значителна мера го зголемуваат загадувањето на воздухот, Макрадули посочи дека во Република Македонија има 396 компании со легални лиценци, од кои 160 со А, а 236 со Б дозволи. Но, како што додаде тој, има и компании коишто работат со усогласување на оперативниот план, како што е примерот на Југохром, според кој од 2014-та година не успеа да се усогласи со оперативниот план, не набави филтри и сега не работи и РЕК Битола , каде после подолго време е потпишан договор со компанија да ја третира прашината што се крева при работата на овој комбинат.

Макрадули најави дека во овој момент се прави сериозна промена и дека на системот ЕНЕР веќе се наоѓа законот за инспекциски совет, со кој нема да биде строго поделена надлежноста, како што беше досега и да се бега од одговорноста, туку напротив да се интервенира.

На отворениот ден Макрадули рече дека веќе имаме неколку најави од неколку компании кои ќе почнат да користат извори на загревање кои се еколошки.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто