ВИДЕО: Владата нема проблем со дислокација на УСЈЕ, но за загадувањето треба системско решение, вели Мицкоски

Од:

Владата согласно своите ингеренции ќе постапува по заклучоците што вчера ги донесе Советот на Град Скопје за дислокација на цементарницата УСЈЕ и за вонредни инспекциски контроли врз големите загадувачи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на 120 нови полициски возила за потребите на МВР, тој нагласи дека континуирано се прават вонредни инспекциски контроли.

– Што се однесува до дислокација и тоа не е никаков проблем за Владата. Така што сè тоа што е проблем за граѓаните е и проблем за Владата. Но, сакам да дојдам до суштината, а суштината е дека загадувањето е резултат на децениската негрижа на граѓаните да им се обезбедат алтернативни извори на енергија со кои во текот на грејната сезона ќе ги затоплуваат своите домови, рече Мицкоски.

Според него, потребно е алтернатива со далечинско греење и гас за граѓаните и на источната и на западната порта од градот.

– Тоа е децениска негрижа. Тоа е основната суштина во целиот овој процес. И тука ние како Влада работиме, развиваме еден проект, очекувам почетокот на следната година да ги имаме деталите. Веќе разговараме и со инвеститорот со којшто потпишавме меморандум за разбирање да го развиеме проектот за когенеративна гасна електрана со која сигурни сме дека сериозно ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите на источната порта на градот, а истото ќе го направиме и во западната порта, информира Мицкоски.

За тоа, нагласи, треба време.

– Притисокот е голем, но важно е дека имаме цел и дека чекориме кон реализирање на таа цел. Јас ги разбирам граѓаните. Тие се секогаш во право. Впрочем, ние сите тука живееме, го дишиме истиот воздух, исто како што и во другите градови во Македонија, каде што нема такви производни капацитети, но има вонредно високо количество на ПМ 2,5 и 10 честичките, изјави Мицкоски.

Според него, потребно е системско решение и холистички пристап, подвлекуваќи дека така и работат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации