УСЈЕ: Обвинувањата против нас се невистинити, ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината

Од:

Цементарница УСЈЕ АД Скопје целосно ги отфрла неоснованите обвинувања, чија цел е дефокусирање на јавноста. За жал ваквиот однос не води кон решавање на отворените прашања велат од компанијата.

во прдолжение целосната реакција од Цементарница УСЈЕ:

Во интерес на точно и вистинито информирање уште еднаш повторуваме дека при вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство на инспектори од Град Скопје, потврдено е дека емисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕ се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница УСЈЕ се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат.

Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребуваше мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка Дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Оттука, неосновано е врз основа на еден параметар каде што беа утврдени повисоки вредности, да се носи заклучок дека компанијата е виновна за состојбите со загадувањето. Во тек е постапка со надлежната институција, во чии рамки ќе се разгледаат сите релевантни аспекти.
Во меѓувреме компанијата веднаш ги имплементираше препораките на инспекторатот и направи замена на енергенсот со природен гас. За разлика од УСЈЕ, многу јавни објекти во градот продолжуваат да користат мазут за загревање, а јавноста не е информирана дали на овие објекти се вршат какви било мерења.

Покрај тоа мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 во кругот на Цементарница УСЈЕ, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница УСЈЕ е дури и помала од други мерни места во градот Скопје и во другите градови во земјата.

Целосна невистина е дека УСЈЕ со својата работа и претходно влијаел на загадувањето во главниот град. Тоа го потврдуваат сите наши извештаи кои се доставувани до институциите, како и независните мерења од акредитирани лаборатории.

Со оглед на фактот, дека во јавноста се изнесуваат обвинувања и констатации кои не се поткрепени со факти или со научни докази, а во насока на заштита на вистината, ние ќе покренеме соодветна правна постапка пред надлежните органи.

Би можело да ве интересира

Ганиу да добие кривична или грант од Фонд за иновации за патување во времето, Арсовска повторно го прозва градоначалникот на Чаир

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он

(ВИДЕО) Ганиу исфрли ѓубре пред седиштето на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

Општина Чаир вчера во Катастар поднела антидатирано Решение за поништување на легализацијата на спорната заграда, тврди Арсовска

(ВИДЕО) Арсовска: Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат

Горан Наумовски

Арсовска: За три години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби

А1он