УСЈЕ: Невистини и паушални тврдења се неодговорни и ја доведуваат во заблуда јавноста

Од:

„Цемантарница УСЈЕ е отворена компанија и, како и досега, и денес ги отворивме вратите и ги поканивме граѓаните кои дојдоа да протестираат да нѐ посетат, да ги постават сите прашања и да се уверат на самото место дека работиме по највисоките стандарди За жал, оваа покана беше одбиена од нивна страна.

Потенцираме дека УСЈЕ работи согласно највисоките стандарди и нашата работа нема никаква корелација со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје. Овие наши тврдења можат да се проверат во кое било време, а сите податоци се јавно достапни“, велат од УСЈЕ.

„Оттука, потенцираме дека протестите пред УСЈЕ се на погрешна локација и посочуваме дека паушалните обвинувања и тврдења кои се изнесуваат во јавноста од страна на дел од граѓанските и невладини организации се неодговорни и ја доведуваат во заблуда јавноста, а нималку не придонесуваат за подобрување на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје. Ваквите неосновани тврдења создаваат целосно погрешна слика за нашата компанија, а истворемено создаваат и негативна слика за граѓанскиот сектор.

Убедени сме дека постои желба за искрена намери за подобрување на состојбите во животната средина, ние ги поддржуваме сите такви заложби и самоиницијативно преземаме низа активности во таа насока. За да се подобрат состојбите во животната средина мора сите заложби да се засноваат на факти, а не на перцепција и целосно неосновани тврдења.

УСЈЕ и понатаму ќе продолжи да работи согласно највисоките стандарди што важат во земјава и во Европската унија и во иднина ќе ги поддржи сите искрени намери“, соопштуваат од УСЈЕ.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: УСЈЕ не мери речиси ништо од загадувачките материи задолжителни во ЕУ

ВИДЕО: Владата нема проблем со дислокација на УСЈЕ, но за загадувањето треба системско решение, вели Мицкоски

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер