Уште тројца од повредените во автобуската несреќа ќе бидат пренесени во земјава

Од:

Се очекува денеска попладне од болницата „Пирогов’ во Софија да бидат отпуштени уште тројца пациенти кои беа повредени во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ на 23 ноември. Се работи за маж и неговата сопруга и за млада девојка, кои ќе бидат префрлени во земјава.

Според официјалното соопштение од болницата, пациентите се во стабилна и добра општа состојба. Во моментов на Клиниката за изгореници и пластична хирургија има четири пациенти кои ноќта ја поминале според очекувањата на медицинскиот персонал во болницата и без промени од вчера.

Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија закрепнува и веќе се движи. Тој имаше две успешни операции – на потколеницата и на ’рбетот.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за несреќата на Струма во која загинаа 45 македонски државјани

Катерина Ѓуровски

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он