Уште три дена изборна кампања

Од:

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Долнени и Кривогаштани и митинзи во Крушево и Прилеп.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Македонска Каменица и Пехчево и митинзи во Берово и Делчево.

Демократската унија за интеграција е на средба со граѓани во Гостивар, а Движењето „БЕСА“ во Сарај.

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши во петок, 13 октомври, во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Уште три дена изборна кампања

Од:

Во петок на полноќ завршува изборната кампања за претстојните локални избори закажани за 24 март. Во сабота и на денот на гласањето е изборен молк.

Локалните избори ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. На 2.976 гласачки места својот глас, според избирачкиот список треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

За Советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места.

Општина со само три избирачки места е Вевчани каде треба да гласаат 2.055 граѓани, додека Куманово има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список 88.708 кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола – 152, а таму треба да гласаат 81.000 граѓани.

Еден ден пред изборите, односно во сабота своето право на глас во казнено-поправните домови ќе го остварат 1.446 избирачи, а надвор од местото на живеење 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица, лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои до денеска на полноќ ќе го побараат тоа од општинските изборни комисии.

Како што беше вчера најавено, ДИК во четврток ќе ги предава избирачките ливчиња  на општинските изборни комисии Општинските изборни комисии, пак, се должни еден ден пред изборите да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори, односно најдоцна до полноќ на 23 март.

Поголем број од учесниците во кампањата веќе го доставија до ДИК, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување корупција првиот финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на 10-иот ден на изборната кампања.

Финансиски извештај организаторот на кампањата е должен да поднесе и еден ден по завршувањето на кампањата и тоа на образец пропишан од министерот за финансии.

Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски