Уште колку дена Караџовски ќе молчи за „бракот“ меѓу судии и политичари како што обелодени СЈО?

Од:

Цели пет дена молк од претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за Извештајот на Специјалното јавно обвинителство, кое објави дека судии и членови на Судскиот совет биле партиски избирани и под политичко влијание на екс премиерот Груевски и екс директорот на УБК, Мијалков и други функционери.

Караџовски не нашол време или не бил заинтересиран да го прочита Извештајот. Информација добил од медиумите, за содржината на објавените детали не сака да коментира, но има забелешки за, како што вели, несериозното однесување на обвинителството на Јанева.

Несериозно е, првиот човек на Судскиот човек по тоа што го слушнал во медиумите дека четворица судии се искритикувани поради блиските релации со претходната владејачка гарнитура, да не реагира и целосно да почне заедно со Советот да го испитуваат случајот.

Детално не го разгледал Извештајот ниту Џемали Саити, претседателот на здружението на судии, но се залага за независно, но професионално судство.

За денеска Советот има закажано седница, но ниту една точка од дневниот ред не е разгледување и оценување на работата на посочените судии.

Во Законот е точно нотирано, дека покрај обврската да избира и разрешува судии, Судскиот совет има надлежност да да ја следи и оценува работата на судиите, да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите, да одлучува за одземање на имунитет на судија, да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција и да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството.

А СЈО во Извештајот наведе дека наместо да ја штити судската независност, Судскиот совет ги отворил широко вратите за политиката.

Премиерот и министрите рамо до рамо со членовите на Судскиот совет одлучувале кој ќе биде избран за судија, а кој разрешен.

Колку дена ќе им треба на Караџовски и на Судскиот совет да се подготват и да расправаат за ова?

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава