Уште две лица по кои трага австриската полиција имале и македонски државјанства

Од:

Австриската полиција го известила македонското МВР дека три лица поврзани со терористичкиот напад во Виена имаат и македонско државјанство. Секторот за меѓународна соработка во МВР од утрово е ставен на располагање на австриската полиција, а за случајот разговарале и премиерите Себастијан Курц и Зоран Заев.

„Денеска од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена. Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. роден во Модлинг, Австрија, А.Г. роден во Сент Полтен, Австрија и У.А. роден во Виена, Австрија. Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај“, велат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека е остварена и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц.
„Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба“, соопшти МВР.

Во синоќешниот терористички напад во Виена беше убиен напаѓачот Кујтим Фејзулаи чии родители потекнуваат од тетовското село Челопек. Во нападите во австрискиот главен град загинаа четворица, а беа повредени седумнаесетмина цивили.

Би можело да ве интересира

Експлодираше муниција од Втората светска војна, повредени се пет деца

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Терорист со нож нападна Евреи во Лондон

А1он

Во Виена е отворено кафуле каде што е забрането користење мобилни телефони

А1он

Австрискиот канцелар: Време е целиот регион да го закотвиме во нашето семејство – во ЕУ

А1он

Најмалку шест жртви во нападот во супермаркет во Киев – суспендирани се полицајците кои избегаа при престрелката

А1он

(ВИДЕО) Спречен e терористички напад во Москва