Осум куршуми завршија во 12 годишно девојче – терористот уби случаен минувач, четворица се ранети

Од:

Со неселективно пукање, терорист утрово уби најмалку едно лице и рани четворица, меѓу кои и дванаесетгодишно девојче, во западниот париски предградие Трап.

Напаѓачот (39) е уапсен, а истрагата ја презеде Националното обвинителство за борба против тероризмот.

Крвавиот поход започна нешто по 10:30 часот во Трап, во департманот Ивелин, и продолжи во соседната општина Ла Вериер.

Напаѓачот, возејќи по националниот пат Н10, пукаше неселективно кон минувачите од автомобилот. Тој испука куршуми кон детско игралиште, здравствена установа, бензинска пумпа, како и кон улица со бројни продавници.

Полицијата набргу го совлада на паркингот пред продавница за градежна опрема и го приведе.

Меѓу повредените е и 12-годишно девојче, кое, според градоначалникот на Ла Вериер, Никола Данвил, беше погодено со дури осум куршуми. Нејзината состојба е стабилизирана.

Ранети се и двајца мажи, на возраст од 49 и 29 години. Нивните животи не се во опасност.

Националното обвинителство за борба против тероризмот отвори истрага за убиство и обид за убиство поврзани со тероризам, поседување оружје и терористичко здружување заради подготовка на напади врз луѓе.

Мотивот за овој крвав чин сè уште не е познат.

Градоначалникот на Трап изјави дека напаѓачот очигледно сакал да изврши масакр.

Премиерот Себастиен Лекорни го осуди ова тешко кривично дело и наведе дека се мобилизирани сите полициски и правосудни сили.

Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека е започната антитерористичка истрага.

Би можело да ве интересира

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Планирал терористички напад: Копилотот со секира го нападна пилотот за време на лет

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Во детската соба подготвуваше масакр, сакаше сè да пренесува во живо – уапсен е 14 годишен Австриец

А1он