Урко ќе сведочи на рочиштето за „Тенк“

Од:

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Пред Судот денеска исказ треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

На минатото рочиште повеќе од пет часа исказ даваа 11 сведоци на одбраната. Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски