Урбан ѕид во Кочани

Од:

Агенцијата за млади и спорт денеска во Кочани го реализираа проектот наречен „Урбан ѕид“ на кој младите ја изразуваат креативноста во цртање.

Директорот на АМС Марјан Спасески и претседателот на Советот на општината Кочани Јордан Димитров, заедно со поголема група ученици и улични уметници спроти општинската зграда во Кочани исцртаа графити со позитивни пораки и порачаа да се подигне свеста кај младите луѓе за одговорно однесување кон сите јавни и стари објекти.

– Mногу често, цртањето графити се смета за вандализам, но кога постои точно одреден простор за нивно творење и презентација на креативниот ум и младешки став, тие се уметност која секогаш е позитивно перцепирана од очите на случајните минувачи. Токму во таа насока е и реализацијата на овој проект на АМС, чија замисла е младите преку исцртување на графитите да ги искажат своите позитивни мисли и да испратат позитивни пораки, како и да се одвратат од идејата да пишуваат графити било каде и со било каква содржина, потенцираше Спасески.

Според локалните власти во Кочани, со овој проект ќе се подигне свеста кај младите за одговорно однесување кон јавните објекти и разубавување на старите објекти и одредени површини кои ќе добијат нов урбан лик.

Би можело да ве интересира

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа