Управниот суд ја прифати тужбата на Беса, нема да се прегласува во Желино

Од:

Управниот суд денеска ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино, потврдија за МИА од судот. Тоа значи дека таму ќе нема прегласување на вториот круг, според што, за градоначалник е избран кандидатот на Беса, Блерим Сејди.

Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Советот на Судот.

ДИК во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ и реши да биде повторено гласањето во Желино, по што Беса поднесе тужба до Управниот суд.

По одлуката на ДИК, генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека, како што наведе, „им забиле нож во грб со приговорот за Желино“ и оти со тоа се доведува во прашање владината коалиција.

Неколку дена претходно, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата, Хоџа рече дека Беса останува во владината коалиција, но потоа одлучи да се приклучи на Иницијативата на опозицијата за формирање ново парламентарно мнозинство.

Би можело да ве интересира

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје