ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Од:

До 18:30 часот на повторните локални избори гласале 35 984 лица или 28,07 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

-Во општина Врапчиште гласале 8659 лица или 31,76 отсто, во општина Гостивар 28,22 проценти или 23363 гласачи, во Маврово – Ростуше 28,04 проценти или 2965 лица, додека во општина Центар Жупа 13,18 проценти или гласале 997 избирачи, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.

Како што истакна таа, споредено со изборите во 2025 година зголемување на одѕивот се бележи во Врапчиште и тоа за 7,35 проценти, а намалување има во Гостивар за 4,16 проценти, во Маврово и Ростуше 0,54 проценти и Центар Жупа каде е регистрирано намалување од 8,12 проценти

Поради задоцнето отворање ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.

На избирачкото место 0782 немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.

Гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања