Управниот суд ги суспендирал сите 29 решенија од министерот Спасовски

Од:

Управниот суд, по поднесена жалба од заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, вчера ги ставил вон сила односно изрекол времена мерка се до донесување конечна пресуда за сите 29 решенија кои ден пред Нова година ги донесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од 29-те, пет се решенија за разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.

– Сите 29 решенија беа судски оспорени заради еклатантно кршење на членот 44 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија – објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/2015 од 10 ноември 2015-та година, во којшто стои дека министерот за внатрешни работи може да изврши разрешување или распоредување на исто, пониско или повисоко место на носител на раководна позиција во Министерството во согласност со Закон, изјави денеска Чавков.

Во сите 29 оспорени решенија за разрешување, именување и распоредување на раководни и други работици во Министерството за внатрешни работи донесени од министерот за внатрешни работи Спасовски, посочи Чавков, грубо се прекршени повеќе одредби од Законот за внатрешни работи во коишто е детално регулирана постапката и условите за распоредување на работниците во МВР и на повисоко и на пониско работно место.

Освен началничките, Управниот суд со времена мерка ги ставил вон сила и решенијата на Спасовски за унапредување на уште 17 лица.

– Особено безобзирно се прекршени одредбите од членовите 106, 107, 109, 111 од Законот за внатрешни работи кои се однесуваат на распоредувањето на работниците во Министерството на друго работно место, условите за распоредување во Министерството, транспарентноста на постапката на распоредувањето и условите за распоредување на работниците по потреба на Министерството, а исто толку безобзирно се прекршени и одредбите од членовите од 40 до 48 од Законот за внатрешни работи во коишто е регулирана Класификацијата на работните места во Министерството, критериумите за утврдување на таа Класификација, нивоата на работните места согласно утврдените категории на работни места и распоредувањето, односно унапредување на работниците согласно со Класификацијата на работните места, вели заменик-министерот Чавков.

Во практика, според него, ваквото кршење на законските одредби доведе до случаи одредени работници во МВР со решение на министерот Спасовски да бидат унапредени во хиерархијата на Министерството и по седум нивоа одеднаш.

Заменикот министер за внатрешни работи, Митко Чавков утрово преку телеграма ги известил директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање дека се должни веднаш да ја спроведат одлуката на Управниот суд.

Чавков во телеграмата навел дека незаконски унапредените кадри треба да ги вратат во првобитна состојба и работните простории, документацијата и возилата кои ги користеле.

– Во тој контекст, задолжени сте веднаш да ја воспоставите претходната состојба во Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнвање каква што била пред донесувањето на цитираните решенија за именување, разрешување и распоредување, што вклучително подразбира и примопредавање на работните простории, материјално-техничките средства и документацијата од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи за чии Решенија за именување или распоредување е воспоставена судска забрана за преземање на дејствија се до правосилноста на одлуката по тужбите поднесени од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, наведува во телеграмата од Чавков.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он