Упис на Скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Од:

На 29 и 30 август на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година.

Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и за вонредни студенти слободни се 1030 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Сè повеќе македонски матуранти избираат германска универзитетска диплома во Скопје

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги отвори уписите за студенти од Македонија: Поблиску до британска диплома преку престижниот кампус во Солун

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он