„УНИТЕТИ остро реагира на одлуката на Претседателот на државата Ѓорги Иванов за аболиција на сите политички структури кои се осомничени, под истрага или кои се уапсени заради прекршување на Уставот и законите, изборна кражба, злоупотреба на власта, финансиски малверзации, дискриминација на граѓани само поради нивната етничка, партиска и друга припадност, монтирајќи и тешки случаји, апсејќи ги, па дури и убивајќи ги.
Со овој чин длабоката политичка криза има опасност да се слéé во нашата држава кон целосен хаос и кон исклучување на правниот поредок во целина. По денешниот ден нема ниту една причина да другите граѓани останат во затворите низ државата.
УНИТЕТИ ги повикува Европската Унија и Соединетите Американски Држави итно да се вклучат и да спречат ситуацијата да ескалира во нашата држава. Ги повикуваме граѓаните, без разлика на нивната етничка и партиска припадност, да ја сочуваат ладнокрвноста и на демократски и цивилизиран начин да кажат „Не“ на уривањето на демократијата и на нашата држава“, се вели во соопштението на УНИЕТЕТИ.