А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

by А1он03/02/2022 - 15:4305/02/2022 - 08:36315
Share0

„УНИЦЕФ ја осудува дискриминацијата на 11-годишната ученичка од Гостивар за која објавија медиумите и итно бара да се направи поголем колективен напор за да им се овозможи на сите деца да го остварат своето право на квалитетно и инклузивно образование. Органите на државната и локалната власт треба да ја разгледаат можноста за спроведување истрага која ќе ја утврди одговорноста на оние кои не ги почитувале правата на детето со попреченост и да спречат такви случувања во иднина.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во последните десет години земјата направи огромни напори за да изгради инклузивно општество и да воведе мерки за поддршка на инклузивно образование. Спречувањето на дете со попреченост да следи настава со врсниците во редовно училиште и изолирањето на дете со попреченост од врсниците значат повреда на нејзиното право на квалитетно и инклузивно образование кое е загарантирано со Законот за основно образование и со инструментите за заштита на човековите права, вклучително и Конвенцијата за права на лицата со попреченост и Конвенцијата за правата на детето кои земјата ги има ратификувано.“

„Земјата донесе соодветна законска регулатива чија цел е да обезбеди почитување на правата на децата. И покрај тоа што постојат многу позитивни искуства и позитивни примери на инклузија во земјата, спроведувањето во пракса на законите за секое дете бара колективен напор во насока на отстранување на пречките што ги спречуваат децата со попреченост да ги оставарат своите права на образование. Потребно е раководствата на училиштата, наставниците и заедниците да обезбедат соодветни услови за инклузивно образование и да сносат одговорност доколку не успеат во тоа.“

„Глобалните податоци јасно говорат дека децата со попреченост остваруваат подобри академски резултати во редовните училишта, споредено со нивните врсници со слични видови попреченост во специјалните училишта. Истражувањата, исто така, покажуваат дека инклузијата на децата со попреченост им помага на сите деца во одделението да научат повеќе за емпатија, правичност, соработка и општествена солидарност, како и дека ваквите усвоени вредности доведуваат до подобри образовни резултати во училиштето и на тој начин во голема мера придонесуваат за просперитет на земјата.“

Следете a1on на Youtube YouTube

„Како и сите други деца, и децата со попреченост можат да имаат среќен и исполнет живот, активно да учествуваат во животот на заедницата и да дадат придонес кон изградбата на инклузивни и одржливи општества. Едно општество не може да биде правично доколку во него не бидат вклучени сите деца, а децата со попреченост не може да бидат вклучени доколку не се промени средината на начин кој ќе овозможи нивно активно учество.“

„УНИЦЕФ ги повикува сите засегнати страни, директорите на училиштата, наставниците, локалните самоуправи, образовните власти и заедниците да ги почитуваат правата на децата и да се погрижат тие да бидат реализирани во праксата. УНИЦЕФ ги разбира предизвиците за поинклузивно општество и потсетува дека надлежните имаат обврска да обезбедат децата со попреченост да си го заземат вистинското место и да учат заедно со нивните врсници во редовните училишта.”

deca so posebni potrebilica so poprecenostunicef

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски16/06/2026 - 10:4416/06/2026 - 16:40

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Горан Наумовски30/05/2026 - 18:37

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 09:25

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

Горан Наумовски11/07/2025 - 14:10

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Горан Наумовски05/04/2025 - 21:38

Гаши: Имаме колективна одговорност да се заложиме за зајакнување и интеграција на лицата со попреченост

Горан Наумовски03/12/2024 - 12:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео