Унгарија вторпат одби екстрадиција на Груевски

Од:

Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски ниту за настаните поврзани со крвавиот четврток, потврдија од Министерството за правда.

„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“, велат од Министерството за „А1он“.

Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, во којшто беше осуден за противзаконско влијание за набавка на „мерцедесот“.

Во кривичниот суд е закажана оценка на обвинението за организаторите на настаните од 27 април, во кој не е опфатен Груевски, бидејќи е недостапен за органите на прогонот.

Груевски речиси една година е во Будимпешта, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција сè уште води истрага како избегал и дали има помагачи.

Би можело да ве интересира

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“