Унијата на млади од Сојузот на Ромите од Македонија е згрозена од информацијата која ја објавивме денеска со наслов „Во Сити Мол Ромите непожелни во одделот за храна”.
Во информацијата стои дека фирмата Land Service која ја одржува хигиената во трговскиот центар Сити Мол од страна на раководство биле терани да ги отстранат сите работници од ромска националност од одделот за храна.
Велат: Јавно прашуваме која е причината за ваквата наредба и зошто работниците Роми не се пожелни во одделот за храна?
Согласно член 9 од Уставот на Република Македонија нејзините граѓани се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верското уверување, имотната и општествената положба. Исто така и Законот за спречување и заштита од дискириминација ја регулира оваа област во неколку членови од истиот.
Со оваа реакција сакаме јавно да го осудиме ваквиот однос кон вработените од ромска припадност и да ги охрабриме истите за случајот да го информираат Народниот правобнранител и Комисијата за заштита од дискриминација.
Република Македонија е заедничка држава на сите граѓани кои живеат во неа меѓу кои сме и ние Ромите и вакви постапки се недозволиви во едно демократко и мултиетничко општество какво што е македонското.