Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Од:

Изутринава во 04.20 часот, во Неготино, на локалниот пат кон село Курија, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода С.Д.(28) од Неготино.

Имено, тој украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано пред домот на сопственикот и потоа со возилото на локалниот пат кон село Курија, излетал надвор од коловозот.

Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото со 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Фокуснет – Телеком: 24 години судски спор, милионска отштета и разрешени судии

Предраг Петровиќ

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби