Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Од:

Европската комисија препорача отворање на преговорите за членство во ЕУ со Украина и Молдавија и доделување статус на земја кандидат за Грузија.

Оваа препорака на Комисијата ќе треба да ја потврдат земјите-членки на нивниот Совет во декември, но се претпоставува дека ќе се согласат сите шефови на држави и влади, вклучително и Виктор Орбан, пишуваат хрватските медиуми. Позитивната одлука мора да биде едногласна, па дури тогаш и официјално ќе стапи во сила.

Босна и Херцеговина повторно извиси затоа што не доби поддршка од Германија и Франција кои остро се противеа и покрај заложбите на Хрватска, Словенија и Австрија.

Своевремено кога започна возот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, Молдавија беше пресреќна што можеше да се приклучи. Сега Кишњев ќе ги отвора преговорите, а Сараево не. Грузија, пак, мала земја заробена географски, беше крајно проевропска, потоа и згаснаа надежите, а сега пак гледа во ЕУ. Тоа е најоддалечената европска станица.

Сепак, фокусот е исклучиво на Украина, која брзо, за само пет месеци, од доделување кандидатски статус премина во преговори.

„Очигледно е дека логиката во однос на проширувањето на ЕУ се менува. Проширувањето секогаш беше политичка одлука, но сепак бараше многу досадна, техничка, неопходна работа што навистина требаше да се направи. Турција поднесе барање за членство во 1987 година, кандидатурата ја доби во 1999 година, а преговорите во 2005 година“, се вели во анализата на Poslovni.hr.

Слична е ситуацијата и со Македонија која е кандидат за членство од 2004 година, а преговорите ги отвори дури во 2022 година. Но, за Македонија членството многу далеку, не само поради кочницата од Бугарија и до ЕУ со условот да се смени Уставот и да се отвори втората фаза од преговорите кои почнаа со скрининг, туку и со неостварениот напредок во најважната област за ЕУ – владеењето на правото. Ова го потврди и новиот извештај на Европската комисија кој денес вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ ќе го промовира со евроаамбасадорот Дејвид Гир.

Србија и Црна Гора преговараат од 2012 година и се уште не се гледа крајот.

Големото прашање е како ќе изгледаат преговорите со Украина, а не се знае кога ќе престане војната и како ќе заврши. Ќе успее ли Украина да ги формира своите преговарачки тимови според поглавјата? Колку ќе се бара од Киев? Некои во ЕУ, како што е Европската народна партија, навиваат Украина да стане членка до крајот на оваа деценија. Но, ако структурата на ЕУ остане како што е сега, без промена на основните договори на кои почива, тешко дека ќе биде таква.

Европската унија, од своја страна, треба да најде стотици милиони евра за обнова на таа огромна земја по војната, а во исто време да обезбеди средствата да не исчезнат во дувлото на корупцијата, ендемично во Украина.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Белгиската полиција изврши претрес во ЕK – истрага за продажба на зграда вредна 900 милиони евра

А1он

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот