Укинувањето на квотите за лекови стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека решението за лекови без квоти треба да стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври, до кога надлежните работат на изнаоѓање механизми на контрола за да нема злоупотреби.

-Наша асприрација е меѓу 1-ви септември и 1-ви октомври да ги пуштиме лековите компленто без квоти. Тоа е сериозен исчекор, државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми ние ќе стартуваме со еден ваков процес, така што суштината е буквално пораката – немојте да крадете од граѓаните и државата, затоа што без разлика кој во каков сегмент работи тоа е казниво по Кривичниот закон и се одговара со казна затвор, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Тој рече дека има сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивна листа на лекови и издавањето на рецепти.

-Прво не сум обвинил никого. Реков јавно дека постојат сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивната листа на лекови и издавањето на рецептите. И ние очигледно гледаме, дека генерално, во буџетот се повеќе се зголемуваат парите во делот на издавање лекови на позитивнта листа, а бројката или наталитетот во државата остануваат исти. Еве дури во еден дел се намалува поради миграцијата, рече Заев.

Тоа, според премиерот, дава сериозни индиции дека некаде се случуваат незаконски дејствија.

-Пораката од мене како претседател на Владата е криминалот значи затвор, значи одговорност. Секој кој што ќе се огреши треба да си прифати одговорност. Не обвиниваме никој, тоа може само истрагата да го потврди, виновен е оној за кој секако само докази ако има, рече Заев и додаде дека целта е да се испрати порака – „никој да не ги чепка парите што граѓаните ги уплаќаат во државната каса“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Двоцифрен број нови лекови на позитивна листа многу брзо

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Да се изберат тројца онколошки пациенти кои ќе имат увид во целата постапка

А1он

Нов протест со шест барања и ултиматум за скандалот на Онкологија

А1он

Прераспределба на Буџет: За повисоки плати на функционери 11,7 милиони евра, а за книги и лекови само 2,8 милиони

Орце Костов

Сестрата која во февруари по вторпат беше фатена како краде лекови на Онкологија, добила отказ во мај

Орце Костов