Укината забраната за сообраќај на патот Дебар-Маврово

Од:

Забраната за сообраќај на патниот правец Дебар – Маврово, во близина на селото Долно Косоврасти, која беше воведена утрово во 8 часот е укината.

Оспособен е помошен пат и според раководителот на секцијата, Деар Лиманоски, возилата непречено се движат.

– Прекинот во сообраќајот од 8 часот беше како последица на појава на кратер, пропадната дупка на коловозот со длабочина од 20 и широчина од 5 метри. Продолжуваме со пополнување на кратерот со песок. Поради тоа до 12 часот сообраќајот беше пренасочен преку Струга, изјави Лиманоски.

Во исто време, тој препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони.

– Препорачувам оние кои се движат во ова подрачје, да ја прилагодуваат брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Наши екипи се постојано на терен во расчистување на одроните, додава тој.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари