Укинат куќниот притвор на Миле Јанакиески

Од:

Апелациониот суд ја уважи жалбата на Миле Јанакиески за укинување на мерката куќен притвор.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 3/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор“, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на територијата на Македонија и Град Скопје, како и обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за издавање на друга патна исправа.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски

Почина сведок во Кривичниот суд во Скопје

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски