УЈП го активира процесот за враќање на средствата од солидарниот данок

Од:

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност.

Од Министерството за финансии велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат.

– Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во Службен весник. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи, информираат од МФ.

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени компании кои во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании.

По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата коишто беа уплатени во Буџетот по основ на Законот.

Врз основа на оваа Одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски