УХМР: Ноќеска и утре пороен дожд и снег

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за ноќеска и за утре најавува обилни врнежи од дожд кои на повисоките места ќе преминат во снег, како и локални грмежи и засилен ветер.

– Во текот на ноќта и утре под влијание на изразена циклонска активност и поле на низок воздушен притисок, од околу 20 мерни единици под просекот, ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе имаат пообилен карактер и ќе достигнат на 40 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.

Локално, се додава во соопштението, ќе има појава на грмежи и засилен ветер. Утре попладне и во текот на ноќта кон сабота и во некои пониски места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег, но со послаб интензитет.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он