Угриновска: Екстерното нема да ја избрише оценката на наставникот

Од:

Со екстерното тестирање се заштитени и наставниците и учениците – наставниците поради поплаките дека трпат притисоци и уцени од родителите за да поправат оценка, а учениците зашто на овој начин се оценуваат според еднакви и конкретни критериуми, смета Емилија Угриновска, претседател на работната група за електронско екстерно тестирање, објави Канал 5.

– Идејата за овој вид тестирање е прво за да провериме каква е објективноста во оценувањето на наставниците, за подобрување на кавлитетот воопшто – и во наставата и во оценувањето и, пред се, поради бројните поплаки од самите наставници кои тврдеа дека се изложувани на притисоци и уцени од родители за да се поправат оценки. Вака ќе бидат на еден начин заштитени од сето тоа – изјави Угриновска и додаде дека ќе им се овозможи да бидат објективни со тоа што ќе имаат и алиби зошто не би примале такви уцени и притисоци.

Екстерното оценување, со кое учениците ќе бидат тестирани по два предмета, ќе почне во понеделник и во сите училишта низ Македонија ќе трае десетина дена. Подготвени се 55.000 прашања по различни предмети. Во еден клас или одделение учениците може да бидат тестирани по различен предмет.

На тестот има 30 прашања на кои треба да заокружат еден од четири понудени одговори. До крајот на тестот може да се навратат на некој одговор за да го поправат ако се премислат. Тестот треба да го решат за 60 минути.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска