Уффф… ама недела!!!

Од:

Уффф… ама недела!!!

Да му цркне козата на комшијата. Чиста завист се ова предавнициве и нивните беседи дека не ни требаат спомениците, дека брдо пари се потрошиле, дека не се дел од нашата историја. Значи не ги прашале луѓето, тие точно си знаат кои си се овие гордо истакнати ликови, мермерни, позлатени, а и наши.

Уффф… ама недела!!!

Ма точно знаат и кој е овој што без гаќи се појави , оној де што ги шокираше нашите „Очајни домаќинки“, и за да не пукне брука дека сме циции веднаш му стокмија еден пар гаќи, другите, за преперување, му ги шијат. А соседите што се јавија нашата мода, нашите факелисти, нашите споменци да ни ги коментираат, нека си ги гледаат своите, дали им се стокмени прописно според традиционалните и конезрвативни вредности, а не да ѕиркаат. Па не сме ние како оние од Рим, ни срам ни перде, а ни милост, едни гаќи да не можат да скројат за нивните. А стварно кој даде наредба на Прометеј да му се купат токму овие гаќи?

Уффф… ама недела!!!

Јас тргам, тој трга, јас наваму, тој натаму, и цела недела се караа, расправаа, допишуваа, ама не се договорија, кој и кога тесно ни го скрои за името ем презимето, кој е предавник, а кој патриот, кој е виновникот за нашето се уште , само мување по бриселските ходници. Па фрчеа фермани, писанија, па некој шкртал, некој кроел, или некој допишувал. И веќе видено, што има сега да си седнат и да си расчистат што и како било, и не е народот кој треба да разбере. Тие главно си знаат. А и дознавме причината за немањето дуел, да ти била еколошка. Да не се исплукале и заразеле, ем испоганиле… Ексклузивно… А1 дознава, со Дуел е најстрого забрането да се пере.

Уффф… ама недела!!!

А1 дознава, се крчка нов закон, ма има да се задолжи секој, ама буквално секој,не патишта и магистрали, не фабрики и погони,туку ако засади ново цвеќе во двор, ако постави нова жица за сушење , ако тркало на старо за колата си монтира, има тоа да се означи соодветно. Со функционер, црвена панделка и ножички.

Би можело да ве интересира

Од рудник за бакар до позелена иднина: Животно патување на еден геолог

Катерина Ѓуровски

Македонка во Италија за коронавирусот: Повеќе се плашам за моите љубени во Скопје отколку за себе

А1он

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Кога ѓаволот ќе дојде по своето

Кристијан Ландов

Нема играње со трпението на моќта

Наум Локоски