Уффф…ама недела!!!

Од:

Уффф…ама недела!!!

Бисер до бисер, ѕвезда до ѕвезда, е ваква ни беше неделава. Сега во ваква бурна недела нема да ги потенцираме постигнувањата, изградбата, новите погони, поубавата живеачка, илјадниците ново вработени по квалитет и успех,никако со партиско книжуле, па наездата желни странски инвеститори, па тоа си е нормално, тоа ни е секојдневие. И остана она што ни остана во сеќавање.

Мореее, натпревар вистински и остар кој би влегол за избор на личност, гаф, глупост, незнаење, или знаење. Сигурно со знаење и амин одлучи, еве вака да ни го рекламира туризмот. И во главните улоги се домаќинки, таксисти, келнери. Сите тие ендемски видови, треба да се лични и насмеани, и оп, од туристи глава не ќе кренеме. Е сега што оваа реклама од неколку милиончиња пак отиде во рацете на… Веќе се знае, a тоа што во 33 отсто во Македонија се невработени, или живеат во мизерија, за ова во следната епизода од серијата „Горди Македонци, ако немате за леб, па јадете колачи“.

Уффф…ама недела

И еве веднаш нова реклама се крчка „И ние чудовиште си имаме“. И изгледа не можеа договор со англичаните да направат, како ќе се делат парите, кој ќе снима, а кој приоритет ќе емитува, види беља, излезе некои медиуми се насанкале, ни чудовиште било на Преспа, ни ББС влегол во конкуренција на нашата„ Република“. Е добро де, ако ова било, новинарски кажано кромид, или пренесување жедни преку вода, не ни требаат нам британците, ние сами ќе си најдеме и снимиме реклама за ново, и поубаво чудовиште. И тогаш и славата и парите кај нас ќе си останат.

Уффф…ама недела

Уффф,ама ги изжалив градоначалнициве. И бидејќи беа актуелни кртовите и во опозицискиот двор се ловеше во високите кругови, клетите непријатели на реформите го пронајдоа во другиот табор. И им шепна на оние непријателите што се ги натовариле јадните татковци на градовите. Ем ќе гасат пожари, ем ќе копаат канали, ем ќе шетаат и ќе се дружат со пензионери, со напомена, доколку е убаво времето, и се разбира со мал прст да не мрднат, со око да не трепнат, додека не ја видат телевизиската камера вперена во нивната пожртвуваност. Како ќе се снајдат во наложеното копање садење, ќе видиме, главно маст за плускавците на рацете веќе се набавени. И се разбира, се во интерес на татковината,тоест, повторно да седнат во село-градоначалничките фотељи.

Уффф…ама недела

И ако некој се двоумеше, дилемата е разбиена, ѕвезда на неделата народниот избраник Амди Бајрам. Еве што и кој го испровоцира и како реагираше.
Вториот пат нешто го запали околу Македонка, платна ли беа, провокацијата за ваков вокабулар.
Упс, псовки или вулгарни зборови во Законодавниот дом, а немаше предупредување на преносот дека е забрането за лица под 18 години.

Уффф…ама недела!!!

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска