Во водите на Вардар во атарот на село Горно Лисиче вчера било забележано мртво машко тело, извести скопската полиција.
Засега не се знае идентитетот на непознатиот, кој набргу бил извлечен од водата, а по извршениот увид, телото е пренесено на Судска медицина заради обдукција.