Осумте обвинети за протестите пред судот во Скопје пред две недели кога по полицијата и зградата се фрлаа камења денеска пред судот се изјаснија како невини.
Адвокатите на обвинетите се жалеа дека обвинителство има докази дека само физички биле дел од толпата која протестира но и не дека фрлале со камења дрва и бекатон плочки кон судската зграда и полицијата.
Адвокатите се пожалија до судот дека немале целосен увид во доказните материјали доставени од обвинителсво и не се запознале во целост со обвинителниот акт.
Обвинетите пред судот рекоа дека биле дел од групата која протестира, незадоволни од пресудата за случајот „Монструм“, но посочија дека не биле на местата што обвинителство ги посочи како клучни за да извршат кривично дело.
Осумте лица кои полицијата ги фати и ги обвини за истото дело за протестите во Тетово добија условни казни од по две и пол години за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Сите оние кои седнаа на обвинителна клупа според доказите на полицијата биле дел од насилните протести во Скопје и Тетово. Во главниот град полицијата се судри со демонстрантите а билансот беше над дваесет поврденени полицајци.
Шест од осумте обвинети и претходно се осудувани за други дела.