Ученикот кој освои прво место на натпревар по математика ќе добие 15 илјади денари од Општина Штип, но не и парична награда од државата

Од:

Осмоодделенец од основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип го освои првото место на државен натпревар по математика, но не ја доби заслужената парична награда. Образложението од Министерството за образование, потпишано од министерката Мила Царовска, наједноставно кажано, гласи: „Нема награда за ученикот, оти натпреварот бил за средношколци“.

Парична награда нема ниту за неговиот ментор, наставникот кој го подготвувал осмоодделенецот за натпреварот, бидејќи бил наставник во основно, а не во средно училиште.

По објавата на Фејсбук на документот од Министерството, на нозе се крена јавноста.

Зошто на еден талентиран осмоодделенец му било дозволено да учествува на натпревар за средношколци, да освои прво место, а притоа да не ја добие заслужената парична награда, е прашањето кое беше упатувано до Министерството за образование, со низа критики за законските регулативи во земјава во однос на овие прашања.

Од Министерството за образование на прашањата на „А1он“ одговараат дека повторно ќе го преиспитаат случајот, а по жестоките реакции во јавноста, било одлучено ученикот да добие 15 илјади денари од Општина Штип и признание за почесен граѓанин на општината.

„МОН презема обврска за повторно да го преиспита целиот случај околу постапката за доделување на парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и постапката и начинот на кој е организиран самиот натпревар од страна на здружението на наставници кое ја има акредитацијата за организирање на натпреварите по математика. Несомнено дека се работи за талентиран ученик кој заедно со својот ментор вложиле многу труд за постигнување на успехот на државниот натпревар на кој учествувале. Но, законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН. Сепак, во соработка со локалната самоуправа во Штип, ученикот ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари и признание за почесен граѓанин на општината“, велат од Министерството за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Иницијаторите на бојкот на наставата утре ќе имаат средба со претставници на МОН

Катерина Павлова-Николовска

Од утре во Штип почнува имунизацијата на населението од источниот и од југоисточниот регион

МОН: Бојкотот на наставата не е опција за учениците

Организаторите на бојкот на наставата тврдат дека има одѕив

МОН апелира до иницијаторите на бојкот: Таква одлука ќе значи директна штета за учениците

Граѓанска иницијатива бара стопирање на законот за учебници и најави бојкот на наставата