„Кој е градот на светлината?“, „Колку години има еден век?“, „Како се вика оној кој ќе победи на трка“ се само дел од прашањата-примери за проверка на знаењето на учениците.
Иако голем број основци и средношколци во повеќе градови во Македонија излегоа на протест против екстерното тестирање, сепак тоа ќе се одржи од 27 Мај – 10 Јуни во зависност кој ден е закажано полагањето.
Учениците ќе полагаат компјутерски и ќе имаат 60 минути да одговорат на 30 прашања. Секое прашање ќе има 4 понудени одговори, а тестовите ќе бидат различни.
Екстерно тестирање ќе полагаат учениците од четврто одделение до трета година средно образование.
Петар Клинчарски