Ученици од Кочани ќе реализираат практична настава во ЕВН Македонија

Од:

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани потпиша договор за соработка со ЕВН Македонија, со што учениците ќе можат да реализираат практична настава.

На работната средба со претставници од компанијата, раководниот тим на техничкото училиште и учениците се договорија изучувањето на практичниот дел да се реализира во подружницата на ЕВН Македонија во Кочани.

– Практична настава во објектите на ЕВН ќе имаат учениците од трета и четврта година кои се школуваат во струката електротехничар енергетичар. Нивната пракса на терен ќе започне по завршувањето на теоретската настава во месец јуни, а за тоа ќе добијат и финансиски надоместок, истакна директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Гоце Савев.
На пазарот на труд кај нас има недостиг од стручни кадри од областа на енергетиката, поради што практичната обука ќе им помогне на завршените средношколци полесно да најдат вработување.

Договори за реализирање практичен дел од наставата, кочанското средно училиште веќе има потпишано и со компаниите „Амфенол“, „Водовод“ и „Руен Инокс Аутомобиле“.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно