А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УБК испраќала лица кои не се вработени во МВР на обука за опремата за прислушување

by А1он27/03/2019 - 12:56785
Share0

Во 2011 две лица кои немале никаква поврзаност со МВР и не поседувале безбедносни сертификати, а кои работеле во фирми за телефонски уреди, од страна на раководството на УБК биле испратени на службено патување во Германија на обука за опремата за прислушување. Двете лица биле во придружба на Николче Пауновски и Владимир Варелов, вработени во УБК.

Добивај вести на вибер

Според кажувањата на Пауновски, двете лица кои биле со него и Варелов во Минхен се Александар Буцо од фирмата „Мобико“ и извесен Панде кој работел во фирмата за телефонски уреди „Циско“.

Пауновски во своето сведочење истакна дека на едно од трите патувања во Минхен, тој и Варелов во меѓусебен разговор заклучиле дека воопшто нема да работат со опремата туку истата се купува и подготвува за сосема други лица да работат со неа.

Пауновски одговарајќи на прашање на обвинителот од СЈО Артан Ајро, рече дека не знае точно кој ја плаќа обуката во Минхен, но сите четворица биле испратени од страна на тогашниот началник на УБК Горан Грујевски кој моментално се наоѓа во бегство.

Александар и Панде од „Мобико“ и „Циско“ се наоѓаат во листата на сведоци на СЈО и ќе бидат повикани во некои од наредните рочишта.

Во случајот „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник за координација и поддршка при УБК, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Виктор Јованов

sjotrezor

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски22/02/2024 - 15:0122/02/2024 - 15:07

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ22/02/2024 - 12:0222/02/2024 - 17:24

Во Кривичен пресуда за Трезор

Катерина Ѓуровски22/02/2024 - 10:01

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Катерина Ѓуровски10/11/2023 - 14:24

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен