Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Од:

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

„На 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово“, извести МВР.

По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појасни начинот на кој го изврши убиството.

Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, а Д.А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Семејна трагедија во Бабушница: Убиени се татко и син во пукотница, тешко повредена е мајка и другиот син

„Ало, ја убив мојата Винка со секира, дојдете“ – детали за злосторството кај Добој

А1он

Убиство на велешанецот Ѓело Ѓошев – го намамија во автомобил, па му пукаа во глава

А1он

Еден убиен и еден тешко ранет во ресторан во Виена – напаѓачите се во бегство

А1он

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски

Момче (9) ја уби мајка си затоа што не го пушти да излезе надвор со другарите

А1он