• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Уапсено лицето по кое трагаше полицијата за инцидентот во Мала Речица

by А1он07/04/2018 - 18:14277
Share0

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и соизвршителство во вршењето на тоа дело, предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РМ, како и две кривични дела „убиство во обид“ по член 123м, а во врска со член 19 од КЗ на РМ, до ОЈО Тетово кривично пријавени се лицата: М.Н. (40), М.Х. (34), М.Ф. (23), М.Б. (21), М.И. (21), М.М. (24) сите од село Черкези – кумановско, потоа Р.С. (42), К.Х. (42), Р.Б. (41) тројцата од Куманово, како и Р.Д. (44) од с.Черкези, Љ.Б. (40) од Елбасан (Р.Албанија) и Д.Ф. (22) од село Опае – липковско.

Десетмина од пријавените се предадени на Судија на претходна постапка кој што на сите дванаесетмина пријавени веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Веќе е обезбедено и лицето Д.Ф. по кое полицијата трагаше. Извори од полицијата за МИА изјавија дека Д.Ф. е приведен и однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Лицето Ф.М., кое се здоби со тешки телесни повреди е задржано на болничко лекување, поради што не може да ја издржува мерката притвор. Тој се опоравува на интензивното одделение по извршената операција на КАРИЛ.

Истовремено, се посочува, против лицата Р.Б. и Љ.Б. е поднесена и кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело – “недозволено изработување и држење на огнено оружје и распрскувачки материи“, предвидено и казниво по член 396 од КЗ на Р.М.

Како што јавноста претходно беше информирана, завчера, односно на 5 април, околу 18,30 часот, во село Мала Речица на ул.„ 167“, се случила престрелка помеѓу две групи лица кои биле со неколку патнички моторни возила. Притоа, во престрелката со смртоносни повреди се здобил Н.Р. (47) од село Белановце, липковско, додека со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. од село Черкези, кумановско, кој поради серозноста на повредите веднаш бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а Р.С. (42) од Куманово се здобил со телесни повреди.

Веднаш по настанот, полициски службеници од СВР Тетово се упатиле на лице место, а бил известен и Јавен обвинител при ОЈО Тетово, по што е започнат увид и превземање оперативни мерки за пронаоѓање на учесниците во настанот и документирање на истиот. На местото на настанот пронајдени се осум испукани чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција и три зрна од куршуми, траги од крв и една безбол палка.

Сите пронајдени траги и предмети се подигнати од лице место и испратени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ. Во рамки на оперативните активности во едно од пронајдените возила непосредно по настанот, кога се приведени двајца од 12 осомничени, пронајдени се и два пиштола и тоа марка „Валтер П99“ со калибар – 9мм, како и пиштол марка – “Брауинг“ исто така калибар 9мм, кои биле употребени во случајот во Мала Речица. По наредба на јавен обвинител, извршени се претреси на 12 локации на СВР Куманово, наведуваат од МВР.

mvrubistvo

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он23/01/2026 - 19:2623/01/2026 - 19:45

Напад во Австралија: Тројца убиени, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски22/01/2026 - 22:13

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен